More

    Највисок пад на цените има кај житарките и зеленчукот

    spot_img

    Цените во земјоделството во февруари 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот (трошоци во средства и инвестиции во земјоделството) е намален за 3,7 %, а кај аутпутот (откупено или продадено производството од земјоделскиот сектор) се бележи намалување од 15,9 %, објави Државниот завод за статистика.

    Според овие податоци пад на цените на земјоделските производи има кај житото и оризот дури за 28% и кај зеленчукот за 23,7%. Повисоки цени во јануари се забележани кај овошјето и грозјето за 11,6%, кај виното  од 9,3 % како и кај производството на добиток за колење од 6% , кај производите од живинско потекло за 3,9% и кај индустриските растенија од 4,8%. Иста цена во јануари имале добиточните растенија и компирот.

    Во однос на трошоците што ги имаат земјоделците во производството, купувањето на машини и репроматеријали и одржувањето на зградите најмногу поскапеле машините и опремата за 10%, потоа одржувањето на опремата и зградите за 5,9%, транспортната опрема за 4% и останатите услуги кои поскапеле за 16,1%. Во јануари на земјоделците им се намалиле кај минералните ѓубрива за 15.3% семињата за 5,6 %, добиточната храна за 9,1% и средствата за заштита на растенијата од  0,5%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img