Ања Тејлор-Џој, Зендаја, Бела Хадид и Маргот Роби се прогласени за најатрактивните жени во светот според старогрчката математичка равенка позната како златен пресек.
Ања Тејлор-Џој е најубавата жена на светот според резултатите од новото компјутерско мапирање спроведено од пластичниот хирург од Харли Стрит и д-р Џулијан де Силва. Очите, веѓите, носот, усните, брадата, вилицата и обликот на лицето на британската актерка биле измерени и биле најблиску до идејата на старите Грци за жена со совршен изглед, пренесува Zafodna.hr.
Златниот пресек е математичка равенка која ја смислиле Грците во обид да ја измерат убавината, а позната е и како божествен или златен пресек. Златниот пресек може да се примени на се, а најчесто се користел во уметноста.
Ања Тејлор-Џој доби највисока оценка за нејзината положба на очите за време на мапирањето со резултат од 98,9 проценти, што е само 1,1 проценти помалку од совршен резултат, рече д-р Де Силва, кој го води Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија во Лондон. Додаде дека Ања имала највисоки оценки за веѓите, а била на врвот во сите категории освен кај усните.
Актерката Зендаја беше втора во рангирањето на најатрактивните жени во светот, со 94,37 од 100 отсто во компјутерското мапирање, Бела Хадид беше трета со 94,35 отсто, а Маргот Роби беше четврта со 93,43 отсто.
Овие сосема нови техники на пресметковно мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што некого го прави убав. Технологијата е корисна и при планирање на пластична хирургија, изјави д-р Џулијан де Силва.
Впечатливите фотографии пред и потоа покажуваат како актерките и манекенките ги трансформирале своите лица низ годините, а зад себе ја имаат моќта на експертите за убавина, стилистите и фризерите.
Бела Хадид, која високо котираше на листата на најатрактивни жени во светот, призна дека имала пластична операција на носот кога имала само 14 години и дека жали за својата одлука.
Во интервјуто за магазинот „Вог“ во 2022 година, таа ги детализираше и нејзините борби со сликата за телото и менталното здравје, признавајќи дека секогаш се чувствувала грдо во споредба со нејзината постара сестра Џиџи.