More

    Најубавата жена на планетата има 23 години, еве како изгледа

    spot_img

    Шинис Паласиос од Никарагва е новата Мис Универзум за 2023 година.

    На овој престижен избор учествуваа 85 земји, а како прва придружничка заврши Тајланѓанката Антонија Порсилд, додека местото втората придружничка ѝ  припадна на Мораја Вилсон од Австралија.

     

    Мис Колумбија Камила Авела и Мис Порторико Карла Гилфу ја заокружија првата петорка.

    Шинис има 23 години, а студирала масовна комуникација на Средноамериканскиот универзитет во Манагва. Таа била и членка и на одбојкарскиот тим на Универзитетот, но со години е посветена на нејзината манекенска кариера.

    Ова не е нејзиниот прв избор за Мис; младата убавица победи на натпреварот за Мис тинејџерка на Никарагва 2016 и Мис на светот Никарагва 2020 година, таа беше во првите 40 на изборот за Мис на светот 2021 година.

     

    Да потсетиме, за првпат во историјата на изборот за најубава жена имаше две трансродови жени – Португалката Марина Мачете и девојката од Данска Рики Кол. Треба да се напомене и дека публиката имаше можност да го види првиот плус-сајз модел на овој избор, а тоа беше девојката од Непал.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img