По „Ноќта на вештерките“, принцезата Шарлин од Монако на Инстаграм објави фотографија на која се прикажани нејзините деца, синот Жак и ќерката Габриел, кои позираат маскирани. Принцот Жак се маскирал во грофот Дракула, а принцезата Габриел била тиква.
Шарлин, која многумина ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“, доби многу критики поради објавената фотографија. На обожавателите на ова кралско семејство не им се допаднало што децата се маскирале и ја прославиле „Ноќта на вештерките“.
Повеќето од оние кои оставиле коментар не се согласуваат со членовите на кралското семејство на Монако да го одбележуваат празникот „Ноќта на вештерките“.
„Како христијани не треба да ја славиме „Ноќта на вештерките“. На овој ден го величаме ѓаволот. Како христијани треба да се издвоиме од светот. Мораме да дадеме пример“, „Зошто да го славиме „Ноќта на вештерките“, кој се сведува на вештерки, волшебници, духови, дракули, крвави лица. Домен на ѓаволот!Навистина не ми е јасно“, „Ужасно“, „„Ноќта на вештерките“ се слави и во Монако?“, се дел од коментарите.
Но, има и такви кои се воодушевени од костимите.
„Одлични костими, децата се преслатки“, „Секоја чест на оној што го шминкал принцот“, „Се надевам дека децата се забавуваа“, напишале некои следбеници под објавата на принцезата Шарлин.
Инаку, принцезата Шарлин последните недели е поактивна на социјалните мрежи каде често објавува фотографии со своите деца.
ФОТО: Инстаграм