Најстариот брат на поп-кралицата Мадона, Ентони Чиконе, починал од рак на грлото и респираторна инсуфициенција, објави ТМЗ.
Тој се борел со орофарингеален карцином, кој често е предизвикан од пушењето цигари.
Потсетуваме, Ентони Чиконе почина на крајот на февруари на 66-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди Џо Хенри, сопругот на сестрата на Мадона, Мелани Чиконе.
Ентони беше најстариот од петте браќа и сестри на Мадона. Мадона се преселила во Њујорк во 1978 година за да се занимава со танцување, додека нејзиниот најстар брат останал во Мичиген и со текот на годините станал бездомник и зависник од алкохол.
Ентони со години спиел под мост во Мичиген, а семејството на Мадона во 2017 година изјавило дека ќе му помогнат. Ова се случи откако Ентони со години јавно кажуваше дека неговото семејство му свртело грб.
Тој повтори дека не сака публицитет или помош од неговата сестра Мадона. Јадел во народна кујна, а заработувал собирајќи лименки и пластични шишиња. Мадона знаела дека е во неволја и постојано му нудела помош. Му платила и да оди на рехабилитација, а татко му му рекол дека ќе си ја врати работата ако престане да пие.