More

    Најстариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст

    spot_img

    Најстариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст. Ентони имал проблеми со алкохолизмот и со години живеел на улиците на Мичиген.

    Сопругот на сестрата на Мадона, Мелани Чиконе, музичарот Џо Хенри, завчера на Инстаграм ја објави следнава изјава:

    „Мојот зет Ентони Џерард Чиконе почина минатата вечер. Го познавам од мојата 15-та година, толку години поминаа од пролетта на нашите животи во Мичиген.“

     

    Хенри спомна дека многу го сака Ентони и го разбира подобро од кој било, повеќе отколку што понекогаш сакаше да признае, пишува extratv.com.

    Тој нагласи дека Ентони сега е со својата мајка, која ја загуби битката со ракот во 1963 година на 33-годишна возраст. Ентони имаше долга борба со алкохолизмот, што беше јавно документирано кога пред повеќе од 10 години беше објавено дека живее под еден мост во Мичиген и дека неговото семејство престанало да му помага.

    Во 2017 година „Дејли мејл“ напиша дека Ентони успешно завршил еден вид програма за рехабилитација и се вратил дома кај своето семејство.

    Братот на Мадона бил во судир со законот, а во 2013 година бил повреден откако дал отпор при апсењето во јавен тоалет.

    Ентони Чиконе јавно ја обвини својата сестра Мадона и другите членови на семејството дека го напуштиле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img