More

    „Најстар и со политички багаж ќе бидам само јас“, вели Меџити

    spot_img

    „Али Ахмети, за да ја спаси оваа влада, добар дел од власта ја подели со Алијанса за Албанците и тоа беше само да се спаси владата на  Груби. Тогаш се обидоа да го покријат тоа наводно со зголемување на  бројката, да има 80 пратеници за уставните измени, но денес се гледа дека целата политичка акробација се направи за да се спаси извршната власт. И овие денови гледаме дека мамат со власт и експоненти од Беса, Алтернатива, а се обидуваат и кај Демократското движење. Толку многу делат власт не знам што ќе остане за ДУИ“.

    Ова, во интервју за Алсат-М, го изјави Изет Меџити, идниот лидер на новата албанска партија Демократско движење, којашто ја формира фракцијата на „огнените“ во ДУИ.

    Меџити во интервјуто зборува и за притисоци и политички разрешувања од владини и од партиски позиции.

    – Сега се обидуваат преку владата да прават притисоци, како што е одземањето на надлежностите на училишта. Но, ова покажува дека кај нив има страв, паника и ова уште повеќе го иритира народот и мислам дека ќе го добијат вистинскиот одговор во вистинското време – вели Меџити.

    Тој тврди дека ДУИ го изгубила контактот со реалноста, а Демократското движење ќе ја отвори вратата за луѓето кои сакаат да бидат во служба на граѓаните, кои гласот на граѓаните го сфаќаат како аманет за да им служат четири години. Новата партија ќе биде отворена за младите генерации и за докажани професионалци во различни области.

    – Единствениот кој има политички багаж и е најстар, ќе бидам јас. Сите други околу мене, вториот и третиот ешалон, ќе бидат докажани професионалци и не тие што биле во ДУИ, туку и во други партии, но не успеале да се пронајдат себеси или тие кои никогаш не се испробале во некоја политичка партија – вели Меџити.

    Фото: Алсат-М

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img