Најновото истражување открива кога е најдобро време за водење љубов

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Водењето љубов наутро можеби е подобро од водење љубов во кое било друго време од денот, според новото истражување во Велика Британија.

Вреди да го поставите будилникот, бидејќи највозбудливото време за страст очигледно е во 7.30 часот.

Спроведено е истражување на 500 мажи и 500 жени, главно во долги врски, на возраст од 18 до 65 години, од кои било побарано да ги евидентираат времињата кога имале секс во период од шест недели.

Во секоја прилика, уживањето во чинот го оценуваа од 10.

Резултатите покажале дека околу 30 минути по будењето, што е во просек седум наутро, било најпосакуваното време за оваа активност.

Речиси секој четврти го избира наведеното време за водење љубов.

Само 33 отсто од испитаниците рекле дека најдобро време за водење љубов е ноќта, 16 отсто избрале 21 часот, 15 отсто 22 часот, а само 2 отсто 23 часот.

Бидејќи ендорфините се ослободуваат за време на водење љубов, се покажа дека тоа е еден од начините да го започнете денот со добро расположение.

Друго добро време, според новото истражување, е осум часот наутро.

- Advertisement -
Ad image

Кога станува збор за најдоброто време за водење љубов, претходните студии покажаа дека жените ја претпочитаат ноќта, а жените се тие кои избираат кога парот ќе води љубов.

Минатата година, студијата предводена од болницата Тенон во Франција покажа дека на паровите може потешко да зачнат дете ако едната личност е „ноќна був“, а другата е утринска личност.

Студијата на речиси 200 мажи и жени кои се борат да забременат и 171 пар кои зачнале природно во рок од една година, идентификувала јасна врска со преференциите за спиење на луѓето.

- Advertisement -
Ad image

Кај паровите кои имаат ваков проблем, во 37 проценти од случаите станува збор за неусогласеност меѓу „ноќните бувови“ и „утринските типови“.

Share This Article