Инфлацијата во еврозоната во февруари падна на 8,5%, што е најниско ниво од мај минатата година, објави Евростат.
На годишно ниво најмногу поскапеле храната, алкохолните пијалоци и тутунот – 15%, а потоа енергенсите – 13,7%.
Од 20-те членки на еврозоната кои ги објавија податоците за февруари, највисока годишна инфлација во овој месец има Летонија 20,1 %, Естонија 17,8%, Литванија 17,2% и Словачка 15,5%.
Најниска стапка на инфлација имаат Луксембург од 4,8% и Белгија од 5,5%.
фото: unsplash.com