Најмалку две лица загинаа, а две се повредени синоќа во руски ракетен напад врз Киев, соопштија цивилните и воените власти на главниот град на Украина.
„Според првите информации, две лица загинаа во урнатините во областа Шевченко во Киев“, изјави на Телеграм началникот на воената управа на украинската престолнина Сергеј Попко.
Тој рече дека ноќниот напад е најсилниот напад врз главниот град од пролетта.
„Непријателот користеше беспилотни летала и ракети“, рече Попко, додавајќи дека украинската воздушна одбрана „уништила повеќе од 20 непријателски цели“.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко соопшти дека две повредени лица се згрижени во болница.