Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД) на Красимир Каракачанов добија најголем број гласови од бугарските граѓани кои вчера гласаа во земјава на предвремените парламентарни избори во Бугарија.
На седумте отворени избирачки места во земјава гласале вкупно 461 лице, а најголем број или 172 своето избирачко право го искористиле во Амбасадата на Бугарија во Скопје.
За ГЕРБ гласале 127 бугарски избирачи, за ВМРО-БНД 91, Продолжуваме со промените на Кирил Петков добила 69 гласа, Демократска Бугарија 38, Преродба 30, а 22 бугарски граѓани својот глас го дале за Има таков народ на Слави Трифонов.
На вчерашните четврти парламентарни избори во Бугарија право на глас имаа 6.600.000 граѓани.
Освен во Бугарија, Бугарите можеа да гласаат и на 755 избирачки места во 62 земји низ светот.