More

    Најмалку шест убиени во напад со беспилотно летало врз база за обука на СДФ во Сирија, одговорноста ја презеде „Исламски отпор“

    spot_img

    Чадор-групата на Исламскиот отпор, која вклучува повеќе вооружени групи, вклучително и Катаиб Хезболах, ја презеде одговорноста за нападот со беспилотни летала врз американската база во нафтеното поле Ал Омар во сириската провинција Деир Аз Зор.

    Групата во соопштението рече дека нападот е продолжување на нејзиниот пристап на „отпор на окупацијата“, покажување поддршка за народот во Газа и „одговор на масакрите извршени од узурпаторот врз палестинските цивили“.

    Групата, исто така, ја презеде одговорноста за неодамнешниот напад во кој загинаа тројца американски војници во североисточниот дел на Јордан, во близина на границата со Сирија.

    Претходно Ал Џезира објави дека синоќа се случил напад со беспилотно летало врз објект на Сириските демократски сили (СДФ) и дека најмалку 6 членови на вооружената група предводена од Курдите и поддржана од САД биле убиени. Извори за овој медиум велат дека целта бил студентски дом. Во оваа тренинг база се стационирани и американски сили.

    Новинската агенција Ројтерс, исто така, објави за инцидентот, цитирајќи два локални извори кои рекоа дека дронот дошол од област каде што групите поддржани од Иран се активни и редовно изведуваат напади.

    СДФ соопшти дека има право на соодветен воен одговор на изворот на нападот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img