More

    Најмалку 64 лица загинаа во терористички напади во Мали

    spot_img

    Во два одвоени терористички напади во Мали загинаа најмалку 64 лица, меѓу кои 49 цивили и 15 војници, објави во соопштението за печатот владата на Мали која е под контрола на војската.

    Група поврзана со Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападите.

    Цел на едниот напад бил чамецот Тимбукту на реката Нигер, а на вториот цел на нападот била воена позиција во градот Бамба на северот на земјата.

    Бројот на жртвите не е прецизиран за секој од нападите, а се наведува дека тоа се привремени проценки.

    Во чест на жртвите во Мали, од петок беше прогласена тридневна национална жалост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img