Најмалку 448 лица загинаа во задушувањето на протестите во Иран

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку 448 лица загинаа во задушувањето на протестите во Иран, соопшти денеска невладината организација за човекови права Хјуман рајтс воч. Во овој биланс на жртви се вклучени само граѓани кои загинале во репресијата, а нема информации за припадници на безбедносните сили.

Од 448 лица чија смрт беше потврдена, 60 се на возраст под 18 години, вклучувајќи девет девојчиња и 29 жени, соопшти иранскиот огранок на Хјуман рајтс воч.

Иранските власти, од своја страна, соопштија дека повеќе од 300 луѓе загинале од почетокот на протестното движење по смртта на Махса Амини во притвор поради кршење на строгиот кодекс на облекување за жените.

Оваа бројка вклучува десетици припадници на безбедносните сили кои загинаа за време на судирите со демонстрантите.

Share This Article