Најмалку 42.310 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Турција на 6 февруари, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи на земјата.
Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресите, со центар во областите Пазарџик и Елбистан во провинцијата Кахраманмарас, биле проследени со 7.184 последователни потреси.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 10 други провинции – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Хатај, Газиантеп, Малатија, Килис, Османије, Елазиг и Шанлиурфа.
Повеќе од 13 милиони луѓе се загрозени од разорните земјотреси.
Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Турција за помалку од 10 часа.
Екипите поставија вкупно 301.289 шатори и 6.375 контејнери кои беа испратени од министерствата и надлежните институции, како и од други земји и меѓународни организации, во зоната на земјотресот, се додава.
Во моментов на терен работат вкупно 14.740 припадници на локален и на меѓународен персонал за пребарување и спасување, истакна АФАД.
Четири мобилни центри за социјални услуги беа доделени за напорите за психолошка поддршка при катастрофи во Кахраманмараш, Хатај, Османије и Малатија. Психосоцијална поддршка добиле вкупно 698.244 лица, од кои 497.093 во зоната на земјотресот и 201.151 надвор од зоната на земјотресот.