Најмалку 33 лица загинаа, а 85 се ранети во израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа.
Бројот на жртви може да биде значително поголем, околу 50, бидејќи се претпоставува дека многу други се затрупани под урнатините, се вели во соопштението на властите во Појасот Газа.
Израелските сили со недели го напаѓаат густо населениот камп, велејќи дека целта на овие акции е да се спречат борците на Хамас да се прегрупираат за нови напади.
Околу 400.000 луѓе се заробени во кампот со малку храна или вода повеќе од две недели.
Продолжуваат борбите во Либан, каде Израел врши копнена инвазија на Хезболах, јавува Би-Би-Си.
Израелската војска тврди дека убила околу 60 борци на Хезболах и го уништила регионалниот команден центар на групата во воздушен напад, додека Хезболах вели дека истрелала разорни проектили врз израелскиот град Хаифа.