Според индиските власти, најмалку 27 лица загинале во стампедо што се случило за време на верски собир на северот на таа земја, пренесува АП.
Повеќе од 150 луѓе се примени во болниците откако беа згмечени во стампедо во село во областа Хатрас во Утар Прадеш, изјави медицинскиот претставник Умеш Трипати.
Според него, бројот на загинати може да се зголеми.
Полицијата за новинската агенција Press Trust of India изјавила дека стампедото било предизвикано од пренатрупаност, но не прецизирале колку луѓе се собрале на настанот.