Најмалку 27 мигранти загинаа кога нивниот брод потона рано утринава недалеку од италијанскиот град Кротоне, јави агенцијата Анса.
Се стравува дека конечниот број на жртви ќе биде 30.
Потрагата по исчезнатите во морето продолжува, а работата на спасувачите ја отежнуваат големите бранови.
Кротоне е град во јужната италијанска провинција Калабрија.