More

    Најмалку 22 лица загинаа во силна експлозија во хотелот Саратога во центарот на Хавана, а повеќе од 70 лица се повредени

    spot_img

    Најмалку 22 лица загинаа во силна експлозија во хотелот Саратога во центарот на Хавана, а повеќе од 70 лица се повредени, објави кубанската државна телевизија.

    Кубанските власти соопштија дека првичните резултати од истрагата покажуваат дека причина за вчерашната експлозија е истекување на гас.

    – Сè укажува дека експлозијата била несреќен случај – изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во телевизиско обраќање од местото на инцидентот.

    Тој истакна дека експлозијата не била предизвикана од бомба и нема индиции дека се работи за терористички напад, а по враќањето од местото на експлозијата и кратката посета на две болници во кои се пренесени повредените, тој го нарече инцидентот „жалосна несреќа“.

    Вчерашната експлозија се случила во близина на училиште со повеќе од 300 ученици, соопштија здравствените власти, а во неа се повредени најмалку 15 деца, потврди Министерството за здравство, додека едно дете починало.

    Кубанскиот министер за туризам Хуан Карлос Гарсија нагласи дека, според првичните извештаи, во експлозијата нема загинати или повредени странски државјани.

    Хотелот бил затворен, а внатре во моментот на експлозијата биле само работниците кои работеле на неговото реновирање, истакна Роберто Енрике Калсадиља, претставник на воената компанија која управува со многу хотели во земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img