More

    Најмалку 22 лица, од кои 15 деца, се загинати во израелски напад врз училиште што се користело како засолниште во центарот на Газа

    spot_img

    Најмалку 22 лица, од кои 15 деца, се загинати во израелски напад врз училиште што се користело како засолниште во центарот на Газа, пренесува Би-би-си, повикувајќи се на информации од локалната цивилна одбрана.

    Агенцијата за цивилна одбрана, управувана од Хамас, соопшти дека во училиштето, кое било претворено во засолниште за раселените Палестинци во кампот Нусејрат, уште 80 лица биле повредени.

    Израелската војска, според Би-би-си, нема коментар за ваквите информации, но претходно соопштила дека Хамас користи цивилни засолништа како воени бази.

    Израелската војска редовно го обвинува Хамас дека се крие во училишните згради каде што илјадници жители на Газа побарале засолниште, обвинение кое палестинското исламистичко движење го негира.

    Во меѓувреме, медицинскиот персонал соопшти дека во одделен напад врз болницата „Ал-акса“, во центарот на Газа, загинале четири лица, а 40 други се ранети.

    Израел вели дека болницата била користена како команден центар од милитантите на Хамас, што групата го негира.

    Повеќе од 42.200 Палестинци и над 1 400 Израелци се убиени, според палестинското Министерство за здравство и Израелските одбранбени сили (ИДФ), откако милитантите на Хамас започнаа напад против Израел од Појасот Газа на 7 октомври 2023 година. Податоците на Министерството не прават разлика меѓу борци и цивили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img