More

    Најмалку 2.500 мртви фоки пронајдени на плажите, непозната причина

    spot_img

    Најмалку 2.500 мртви фоки се пронајдени на плажите на Каспиското езеро во Русија, соопшти локалното Министерство за екологија, додавајќи дека се уште не е позната причината.

    Мртвите животни се пронајдени на десет километри долгиот брег на Дагестан, соопшти во неделата Министерството на таа руска република. Причината за инцидентот се истражува.

    Според директорката на руската агенција за мониторинг на природата, Светлана Радионова, „главна“ причина би можело да биде гушење поради истекување на гас од Каспиското Езеро.

    На крајот на неделата ќе бидат познати првите резултати од анализите, па ќе може да се каже дали има загадување на водата, изјави таа за телевизијата „Русија 24“.

    Сличен инцидент се случи на крајот на 2020 година на плажите во Дагестан и Азербејџан. Во тоа време беа пронајдени речиси 2.000 мртви фоки.

    На почетокот на 20 век, повеќе од милион касписки фоки живееле во Каспиското Езеро, а денес останале само 68.000 возрасни, или помалку од 7 отсто, според Меѓународната унија за зачувување на природата, која смета дека овој вид е загрозен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img