Најмалку 16 лица загинаа во пожар во трговски центар во градот Зигонг во кинеската провинција Сечуан, јавија државните медиуми.
Според извештаите, 30 луѓе биле спасени во средата вечерта. Пожарот бил изгаснат, а спасувачките операции завршиле во текот на ноќта.
Иако се уште не е јасна точната причина за пожарот, прелиминарната истрага сугерира дека тој бил предизвикан од градежни работи на зградата, јавува Би-Би-Си.
На снимката што ја објавија кинеските државни медиуми и на социјалните мрежи се гледа густ црн чад како се издига над 14-катната зграда.