More

    Најмалку 13 лица загинаа во израелски напад врз бегалски камп во Газа

    spot_img

    Најмалку 13 Палестинци загинаа синоќа во израелски воздушен напад врз станбена зграда во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, а неколку луѓе беа затрупани во урнатините, изјави портпаролот на болницата за маченици Ал Акса.

    Во нападот била погодена четирикатница на семејството Караџа.

    Таму се засолниле најмалку 100 луѓе раселени поради војната, соопшти денеска Цивилната одбрана во Газа.

    Зградата била погодена околу 02:00 часот по локално време додека жителите спиеле, јавува CNN.

    Се очекува бројот на загинати да расте. Четворица очевидци изјавија дека најмалку шест членови на семејството се затрупани во урнатините.

    На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат луѓе, вклучително и деца, закопани под дебели цементни блокови додека спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат.

    Во ударот зградата била уништена.

    Израелските сили во последниве месеци постојано го напаѓаа кампот Нусејрат, северно од Деир ал Балах.

    Последниот напад предизвика пожар во блиското училиште управувано од ОН, а на снимките се гледа како тоа е зафатено од пламен. Едно лице загина во пожар во магацин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img