Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени кога зграда на фабрика за бои во Њу Делхи се урна по експлозија и пожар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени кога зграда на фабрика за бои во Њу Делхи се урна по експлозија и пожар, соопшти претставник на пожарникарите.

Пожарот избувна синоќа во северниот дел на индиската престолнина по експлозија во фабрика и зафатил два магацина и центар за лекување на зависности кои се наоѓаат во близина, јави индиската НДТВ.

Претставник на противпожарната служба изјави дека на местото на настанот се испратени 6 противпожарни возила и дека пожарот е ставен под контрола во рок од четири часа.

Четири лица повредени во пожарот, меѓу кои и еден полицаец, се згрижени, а се стравува дека уште две лица се заробени во урнатините.

Пред избувнувањето на пожарот се слушнала експлозија во фабриката, а властите се сомневаат дека експлозијата била предизвикана од хемикалии складирани таму.

Share This Article