Најмалку 100 луѓе, меѓу кои и деца, се отруеле со храна за време на свадбена прослава во Мексико.
На социјалните мрежи се појавија видеа од градот Куернавака каде во неделата нешто по полноќ се одвивала вистинска драма.
На снимките може да се видат екипите на итната помош кои пристигнале на местото на настанот и им помогнаат на преплашените гости. Постои сомнеж дека на присутните им се слошило откако го изеле десертот.
Во салата владееше голема паника, многумина седеа на столчиња и се обидуваа да се вразумат.
Локалните медиуми објавија дека неколку лица се задржани во болницата, а храната за венчавката ја обезбедила локална компанија.
Не е познато каков десерт им бил послужен на гостите, ниту дали властите покренале истрага.