Најмалку 1.038 лица се повредени во земјотресот во Тајван, 42 работници се водат за исчезнати

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бројот на повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени во Тајван денеска се искачи на 1.038, бројот на загинати се уште е 9, додека 42 работници во хотел се водат како исчезнати.

Работниците во моментот на земјотресот биле на пат од Хуалиен кон Националниот парк Тароко, а командниот центар за кризни ситуации објавил дека потрагата по нив била главна цел, пренесуваат британските медиуми.

Планирано е да се испратат беспилотни летала и хеликоптери за да помогнат во потрагата по работниците и доколку се најдат, да им се достават залихи што е можно поскоро. 6 лица се спасени со хеликоптер од рударската област.

Во градот Хуалиен заврши спасувањето на луѓето кои останаа заробени во урнатините на зградите.

Возниот сообраќај на линијата кон Хуалиен е повторно отворен.

Тоа беше најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години, со епицентар најблиску до источната област Хуалиен, додека зградите во главниот град Тајпеј се стресоа, но претрпеа минимална штета.

Share This Article