More

    Најлудата ноќ во годината ќе ни биде сува и маглива

    spot_img

    Новогодишните и Божиќните празници не се тоа без снег. Нема празнична еуфорија и совршен бел снег, кој ќе ги покрие украсените дворови, улици и плоштади. Но, за жал, годинава тоа нема да се случи. Ниту во главниот град, а ниту во скијачките центри.

    Метеопрогнозерот Славчо Попоски за Плусинфо вели дека за време на новогодишната ноќ, како и во првите денови на 2023 година, ќе продолжи стабилното и суво време, со натпросечни високи температури на воздухот. Снег нема да има.

    – Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, додека по котлините и понатаму ќе биде облачно и магливо, со што и температурите преку ден ќе останат пониски. Во Скопје исто така останува облачно и магливо, но и релативно постудено – вели Попоски.

    Тој додава дека максималните температури ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат од 10 до 15 степени, додека локално дури и над 15 степени.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи велат и во текот на оваа седмица ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по одделни котлини со променлив интензитет, освен утре попладне кога ќе има ветер со умерен интензитет што ќе предизвика преодно намалување на маглата.

    – В среда ќе има зголемена облачност и услови за локален слаб дожд. До крајот на оваа недела минималната температура ќе биде од -3 до 6 степени, а максималната од 8 до 15 степени – информираат од УХРМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img