More

    Најлошата навика во исхраната која ги слабее нашите коски

    spot_img

    Во доцните дваесетти и раните триесетти, за жал, растот на коските престанува. Сепак, иако вашата коскена маса го достигнала врвот до 30-тата година, има уште многу што можете да направите за да спречите губење на коскената маса.

    Помеѓу многуте навики за пиење и исхрана кои можат да го забрзаат губењето на коскената маса, постои една навика која може да предизвика штета без воопшто да знаете: недоволно внесување на калциум и витамин Д. Овие две хранливи материи се многу важни за силни и здрави коски.

    Недостаток на нивниот внес може да се појави кога некое лице ќе одлучи да ги замени сите млечни производи, кои се добри извори и на калциум и на витамин Д, со растителни алтернативи кои не се збогатени со овие две важни хранливи материи. Исто така, кога човек често наместо риба конзумира црвено месо, кое исто така е богато со витамин Д и треба да се консумира два до три пати неделно.

    Колку калциум е потребно?
    Препорачаната дневна доза на калциум за возрасни е 1.000 милиграми секој ден. Оваа количина се зголемува на 1.200 милиграми дневно за жени по 51 година.

    За да го исполните ова, се препорачува секојдневно да внесувате храна богата со калциум во вашата исхрана, како млеко, тофу, сардина, јогурт… Доколку не можете да ги задоволите вашите потреби само со храна, прашајте го вашиот лекар за дополнителен внес во форма на додатоци за одржување на здравјето на вашите коски.

    Ништо без витамин Д
    Важно е да знаете дека без витамин Д, вашето тело не може да го искористи калциумот што го внесувате за зајакнување на коските. Витаминот Д е уникатен затоа што вашето тело може да го произведе преку изложување на сонце, но поради времето поминато во затворен простор и намалената способност за производство на витамин Д како што старееме, понекогаш станува неопходно да се добие дополнителен витамин Д преку храна и додатоци, што ќе помагаат да се достигнат препорачаните 15 микрограми витамин Д дневно.

    Како што старееме, прескокнувањето на храна богата со калциум и витамин Д може да го забрза губењето на коскената маса и да го зголеми ризикот од остеопороза и фрактури, па затоа е важно да внимавате на исхраната, пишува Eat This, Not That.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img