Најк укинува речиси две илјади работни места

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A Nike logo is seen in Birmingham, United Kingdom, on February 11, 2024. (Photo by Giannis Alexopoulos/NurPhoto) (Photo by Giannis Alexopoulos / NurPhoto / NurPhoto via AFP)

Американскиот производител на спортска облека Најк соопшти дека ќе отпушти околу два отсто од својата работна сила за да ги намали трошоците во период на послаба побарувачка.

Поради високите трошоци за живот, граѓаните купуваат помалку спортска опрема, а трговците ги намалија нарачките, па Nike одлучи да ги намали трошоците за две милијарди долари со прилагодување на структурата на производството и управувањето.

Износот вклучува и отпремнини од 400 до 450 милиони долари што компанијата планира да ги резервира во третиот квартал, според планот објавен во декември.

Во четвртокот тие објавија дека ќе укинат нешто повеќе од 1.600 работни места, од вкупно 83.700 ширум светот, нагласувајќи дека нема да отпуштат продавачи и работници во дистрибутивните центри.

Компанијата ќе укинува работни места во две фази, првата почнува во петок, а втората треба да заврши до крајот на мај, кога завршува четвртиот деловен квартал.

„Активностите што ги преземаме ќе ни овозможат да ја зголемиме нашата организација за да ги искористиме најдобрите можности за раст бидејќи интересот за спорт, здравје и благосостојба никогаш не бил поголем“, велат од Најк.

Во вториот деловен квартал кој заврши во ноември, приходите на Nike се зголемија за еден процент на 13,4 милијарди долари. Нето добивката скокна за 19 отсто, на 1,58 милијарди долари.

Share This Article