Најголемата штета од 900.000 евра е исплатена за опожарен објект на компанија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Граѓани, компании и институции наплатија 550 милиони денари (9 милиони евра) за штети покриени со неживотно осигурување во ноември годинава. Во споредба со октомври вредноста на исплатените штети покриени со неживотни осигурувања е зголемена за 45 %, покажува споредбата на прелиминарните податоци што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставуваат сите компании за осигурување.

Во однос на истиот месец минатата година вредноста на исплатените штети е зголемена за 10%.

Од сите доброволни осигурувања најголемо учество во исплатите за ноември имаат штети на осигурен имот. Осигурителните компании исплатиле 132,3 милиони денари (2,15 милиони .евра), а исплатени се вкупно 710 штети. Најголемата меѓу нив е со вредност од 56 милиони денари (900.000 евра) која една осигурителна компанија ја исплатила како  обештетување за настанат пожар во објект на компанија.

За возила со каско осигурување осигурителните компании во ноември исплатиле 790 штети во вкупна вредност од 72,3 милиони денари (1,17 милиони евра). Тоа е за 28% повеќе исплатени средства за штети во таа класа осигурување во споредба со истиот месец лани.

Најголем број штети осигурителните друштва исплатиле по основ за приватно здравствено осигурување. Во ноември биле исплатени 6.773 оштетни побарувања за здравствено осигурување што е 54% од сите исплатени штети во тој месец. За покривање на медицински трошоци во ноември се исплатени 66,6 милиони денари (1,08 милиони евра) и тоа е за 29% отсто поголем износ на исплати од истиот месец претходната година.

Кај најголемата класа – осигурување од автомобилска одговорност, која е задолжителна со закон, во ноември се исплатени 225,8 милиони денари (3,67 милиони евра). Во овој месец сите 11 компании за осигурување штети сервисирале и ликвидирале 2.845 пријави за обештетување покриени со осигурување.

Во структурата на вкупно исплатени штети во ноември „Кроација осигурување – неживот” учествува со 16,8%, „Еуролинк” со 9%, „Евроинс осигурување” со 6,6%, „Граве неживот” со 5,7%, а „Македонија осигурување ВИГ” со 11%. Учеството на „Сава осигурување во вкупната исплата за ноември е 10%, на „Триглав осигурување” е 8,9%, а на „Уника” е 9,7%. „Винер – ВИГ” учествува со 11,4%, „Осигурителна полиса” со 4,9% и „Халк осигурување” со 6%.

Од почеток на јануари до крај на ноември годинава сите 11 компании за неживотни осигурувања на осигуреници им исплатиле 3,9 милијарди денари (63,5 милиони евра).

- Advertisement -
Ad image
Share This Article