Водечката австралиска тенисерка Ешли Барти го шокираше светот на спортот откако објави крај на кариерата еден месец пред нејзиниот 26-ти роденден.
Барти славеше на Австралија опен пред само два месеци, што беше нејзин трет Грен слем по освојувањето на Вимблдон (2021) и Ролан Гарос (2019).
Во емотивната објава таа рече дека е благодарна за се што и дал тенисот.
– Денеска е тежок ден за мене, полн со емоции, бидејќи најавувам повлекување од натпреварувачкиот тенис. Веќе немам физички инстинкт, емоционална желба и се што ви треба за да се предизвикате на највисоко ниво. Исцрпен сум, изјави Австралјaнката.
– Знам колку работа е потребно за да го извлечам најдоброто од себе… веќе го немам тоа во себе, вели таа во видеото објавено на нејзиниот Инстаграм профил.
Ова е нејзино второ тениско збогување. Како тинејџерка, таа се повлече од тенисот во 2014 година. Подоцна изјавила дека паузирала од тенисот бидејќи се било „пребрзо за неа“.