Најбогатиот човек на светот Илон Маск ќе го поддржи ривалот на Доналд Трамп, Рон де Сантис, за следните претседателски избори во 2024 година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најбогатиот човек на светот Илон Маск ќе го поддржи ривалот на Доналд Трамп, Рон де Сантис, за следните претседателски избори во 2024 година. Де Сантис, сопартиецот на Трамп стана популарен меѓу републиканците и може да му ја одземе победата на поранешниот претседател, јавува Ројтерс. Дали со оваа одлука Илон Маск му се одмаздува на Трамп затоа што Трамп одби да се врати на Твитер иако ја имаше отворената врата да го стори тоа?

„Мојата желба за претседателските избори во 2024 година е кандидатот да биде некој што е разумен и центрист во исто време. Се надевав дека тоа може да биде некој од администрацијата на Бајден, но досега бев разочаран“, напиша Маск на Твитер.

Запрашан дали ќе го поддржи Де Сантис во 2024 година, Маск одговори потврдно.

„За потсетување, јас бев голем поддржувач на претседателството Обама-Бајден и (неволно) гласав за Бајден пред Трамп“, додаде новиот сопственик на Твитер.

Но, кандидатот Де Сантис како да нема баш добро мислење за Маск. Кога го прашале што мисли за оваа поддршка тој се подбивал со милијардерот.

– Ја поздравувам поддршката на Афроамериканците, што друго да кажам – изјавил ДеСантис, алудирајќи на Маск, кој иако е белец, пораснал во Јужна Африка.

Рон Де Сантис во моментов е градоначалник на Флорида и за разлика од Трамп кој пред 10 дена ја потврди својата кандидатура, Де Сантис уштет не го сторил тоа.

Share This Article