Најбогатиот човек на светот е на тапет во јавноста само неколку денови откако ја купи социјалната мрежа Твитер

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најбогатиот човек на светот е на тапет во јавноста само неколку денови откако ја купи социјалната мрежа Твитер. Илон Маск во неделата попладне постирал теорија на заговор од магазинот Санта Моника Опсервер, а тоа го направи во коментар до Хилари Клинтон, некогашната кандидатка за претседател на САД. Се работи за заговор во врска со напаѓачот на Пол Пелоси, мажот на Ненси Пелоси, познатата претседателка на претставничкиот дом која рано наутро во петокот беше крвнички претепана со чекан во нејзиниот дом, пишува Њузвик.

Се смета дека напаѓачот, извесен Дејвид Де Пајп е десничар кој верува во заговори. Хилари Клинтон застана во одбрана на колешката Ненси Пелоси на Твитер. Таа во саботата напиша:

„Републиканската партија и нејзините гласноговорници сега редовно шират омраза и збунети теории на заговор. Шокантно е, но не и изненадувачки што насилството е резултатот. Како граѓани, мораме да ги бараме одговорни за нивните зборови и постапките што следат“.

 

Тука во дискусијата влезе Илон Маск, кој во коментар на Хилари ѝ испрати статија на весниот Санта Моника Опсервер со наслов  „Грозната вистина: Пол Пелоси се дрогирал и во петокот наутро бил во кавга со машка проститутка“.

„Постои мала можност во оваа приказна да има повеќе отколку што се гледа“, ѝ возврати тој на Хилари.

Набрзо потоа Маск го избришал твитот. Многу медиуми ја сметаат приказната на Санта Моника Опсервер дезинформација и лажна вест.

„Илон Маск вели дека Твитер нема да биде „бесплатен за сите пеколен пејзаж, каде што се може да се каже без последици.“ Па @elonmusk, какви се последиците за вас што твитате ѓубре од извор кој тврди дека Хилари Клинтон починала во 2016 година ?” твитна организацијата Граѓани за етика.

„Илон Маск не е обучен новинар. Ова е опасно и неодговорно. Истиот весник што тој го цитира пишуваше во 2016 година дека Хилари Клинтон починала на кампањата и дека користела двојник. Ова е грозно, Маск“, твитна Иса Вотсон, основачка и извршна директорка на „Squad“.

- Advertisement -
Ad image

„Со голема моќ доаѓа и голема одговорност. Работете подобро“, додава таа.

Од друга страна, весникот Санта Моника Опсервер му се заблагодари на Маск што ја сподели статијата преку твит во неделата попладне.

„Благодариме @elonmusk што го купивте Твитер. И благодариме што ја ретвитнавте нашата приказна“, се вели во твитот.

- Advertisement -
Ad image

Весникот ја бранеше својата статија велејќи дека таа е базирана на вистински извори и дека е објавена како нечие мислење, односно како колумна.

Политичката коментаторка Моли Јонг-Фаст напиша на Твитер:

„Оваа размена помеѓу Хилари Клинтон и Илон Маск би требало да ја убие и онаа преостаната доверба која огласувачите ја имаат во платформата“.

Таа подоцна додаде:

„Илон Маск го избриша твитот на набљудувачот од Санта Моника Опсервер, наместо да го раширува, но не се извини ниту се обиде да ги исправи своите тврдења“.

Share This Article