Познатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан во јуни ќе ја посети Србија и планира да отвори свој бизнис во Белград. Кардашијан во Белград ќе дојде заедно со своите деца и ќе остане два дена, пренесува Информер.рс
– Ким во Белград пристигнува од Германија, поточно од Гелзенкирхен, каде со синовите Сејнта и Псалм ќе присуствува на Европското првенство, поточно на натпреварот меѓу репрезентациите на Србија и на Англија што ќе се одигра на 16 јуни. Нејзините деца се големи фанови на Премиер лигата и на англиските фудбалери.
Целиот нејзин тим ќе биде со Ким, а на белградскиот аеродром ќе слета со нејзиниот приватен авион „Ким џет“ кој го купи пред неколку години за неверојатни 150 милиони долари. Тие ќе престојуваат во претседателскиот апартман на еден од најпознатите хотели во Белград и таму ќе престојува два дена – изјави за српските медиуми добро информиран извор.
Тој открива дека посетатат на Ким Кардашијан на Белград ќе има и деловен карактер бидејќи ќе ја отвори првата продавница на нејзиниот моден бренд.
– Ким доаѓа во Белград по повод отворањето на првата продавница на нејзиниот моден бренд во овој дел од Европа во трговски центар. Истата вечер во нејзина чест ќе биде организирана голема забава на која ќе бидат присутни и некои од нашите познати естрадни личности – вели изворот.
Ким Кардашијан според изворот, имала посебни желби кога се во прашање знаменитостите кои сака да ги посети во Србија.
– Ким изрази желба за време на престојот да го посети храмот Свети Сава, кој го виде на сликите и беше воодушевена, како и Калемегдан и делот покрај реката. Таа побарала и од организаторите да и биде достапен излез за персоналот кој работи во хотелот, како и во секој момент да има десет различни автомобили како мамки за да ги избегне папараците кои сигурно ќе ја следат постојано. Покрај ова, таа очекува во нејзиниот апартман секогаш да има букети свежо цвеќе и храната да им се носи во нивната соба. Од Белград, Ким оди во Париз за неделата на висока мода – заклучува изворот.
Ова не е прв пат Кардашијан да ја посети Србија. Српските медиуми објавија дека познатата старлета во тајност ја посетила Србија во 2017 година, кога со екипата на каналот Травел го посетила природниот резерват Увац. Ким тогаш била воодушевена од прекрасната природа, но и од српските специјалитети.