More

    Најавен првиот настап, а еве кој го зазеде местото на покојниот пејач

    spot_img

    Групата „Легенде“ го најави својот 60-ти концерт во Сава Центар, а во своето соопштение истакнаа дека ќе имаат специјални гости, но и дека самиот настап има посебна симболика, пишува „Мондо.рс“.

    Зоран Дашиќ Даша веќе најави дека концертот е посветен на неговиот долгогодишен пријател и соработник Бора Ѓорѓевиќ, а сега ексклузивно потврди дека на „Легендите“ на сцената ќе им се придружат специјални гости – бендот „Рибља Чорба“ и Биља Крстиќ со „Бистрик“ оркестарот. Ова ќе биде прв настап на „Рибље Чорба“ пред белградската публика во нов состав, откако фронтменот на бендот Бора Ѓорѓевиќ почина во септември годинава.

    „Бора повеќе не е со нас, но голема благодарност до неговиот бенд, кој ќе биде тука в недела за заедно да му оддадеме почест. На тој начин Бора ќе биде со нас, иако тој веќе физички не е тука“, рекол Даша.

    „Рибља Чорба“ го продолжува своето патување со Јован Јефтиќ, долгогодишен член на бендот, кој ја презеде улогата на главен вокал.

    Јован, кој претходно беше придружен вокал, сега настапува во главната улога, во склад со желбата на Бора бендот да продолжи да работи и да го зачува своето музичко наследство.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img