Најава од УЈП за присилна наплата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Управата за јавни приходи по сумирани податоци од обработката на ДДВ пријавите за јуни и за кварталот јуни-април, известува дека ДДВ долг пријавиле: за јуни – 4.030 месечни даночни обврзници во вкупен износ од 3.168.673.344 денари и за кварталот април-јуни – 16.534 тримесечни даночни обврзници во вкупен износ од 1.982.960.788 денари.

„Благодарност до сите даночни обврзници кои во законскиот рок 25 јули ја платија даночната обврска. Ги повикуваме останатите 1.277 месечни обврзници, кои имаат долг од 817.061.527 денари, и 7.661 тримесечни обврзници, кои не го платиле својот ДДВ долг во износ од 967.855.467 денари, тоа да го сторат веднаш. Управата за јавни приходи по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот согласно законските надлежности“, се наведува во соопштението од УЈП.

За секој ден задоцнето плаќање се пресметува камата од 0,03% од преостанатиот долг.

Share This Article