Наградуваниот шведски рапер Ц. Гамбино е убиен во вторникот од заседа на паркинг, а постои сомнение дека нападот е поврзан со криминална мрежа, објавија од полицијата.
Од полицијата објавија дека има индиции за врски помеѓу раперот и една или повеќе криминални мрежи.
Ц. Гамбино бил погоден со два куршуми во јавна гаража во Гетеборг, каде што го паркирал својот автомобил во моментот на нападот, изјавил во средата портпаролот на полицијата, додавајќи дека раперот имал 25 години.
Полицијата соопшти дека телото на убиениот рапер го пронашле полицајци кои пристигнале на повик откако добиле информација за пукањето, а во болница е констатирана смрт.
Во склопот на истрагата за убиството досега се сослушани повеќе лица, но засега никој не е уапсен.
Полицијата одбила да го открие вистинското име на раперот.