Сопругата на еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал го роди нивното прво дете, објавија во саботата шпанските медиуми.
Диарио де Мајорка и другите шпански медиуми објавија дека Мери Перело, сопругата на Надал, родила момче во приватна клиника на островот Мајорка, каде што живеат.
Надал и Перело се венчаа во 2019 година по долга врска.
Надал не ја потврди веста, а неговата компанија за односи со јавноста објави дека нема да коментира за приватни работи.
Диарио де Мајорка објави дека мајката и детето се добро.
Рафаел Надал во кариерата освои рекордни 22 Грен слем титули и затоа е подобар од неговите главни конкуренти за титулата најдобар тенисер во историјата, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.