Надал и Ѓоковиќ ќе си ги одмерат силите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рафаел Надал се пласираше во второто коло на Олимписките игри во Париз, откако го совлада Мартон Фучович и закажа епски дуел против Новак Ѓоковиќ.

Надал реши да настапи во сингл конкуренција на тенискиот турнир во Париз и попладнево по голема борба го совлада Мартон Фучович од Унгарија со 2-1 во сетови (6-1, 4-6, 6-4).

Шпанецот на овој начин успеа да закаже спектакл против Новак Ѓоковиќ во второто коло. Овој дуел според најавите е закажан за в понеделник.

Дали ќе дојде до тој дуел ќе се знае дополнително бидејќи Надал признава дека не се наоѓа во најдобра физичка кондиција и не е исклучено да го откаже својот настап.

Share This Article