Шпанскиот тенисер Рафаел Надал рече дека денешниот пораз кој го претрпе на Јунјатед купот од Британецот Камерун Нори „не е катастрофален” и истакна дека може и мора да игра подобро.
– Ова воопшто не е катастрофално. Можам и морам подобро. Морам да работам физички за да бидам побрз, посилен, да правам помалку грешки и да се подобрам при донесувањето одлуки на теренот. Можам да напредувам, до почетокот на Австралија опен има уште две недели – рече Надал.
Шпанскиот тенисер ја почна новата сезона со пораз, откако денеска по два часа и 45 минути игра загуби од Нори на Јунјатед купот во Австралија со 3-6, 6-3, 6-4.
Во претходните дуели Нори немаше освоено ниту сет против Надал.