More

    Надал демантира: Не знам за Монте Карло

    spot_img

    Само неколку дена по објавувањето на Мастерсот во Монте Карло – дека ќе игра Рафаел Надал – од Мајорка доаѓаат различни вести.

    – Се уште не можам да потврдам дека ќе бидам во Монте Карло – вели кралот на згура.- Воопшто не ми е јасно од каде е информацијата дека ќе одам во Монако. Да е вистина би потврдил, но за жал не е.

    Надал последниот турнир го одигра во Мелбурн, кога во средината на јануари беше елиминиран во второто коло од американскиот Мекдоналд. Оттогаш се опоравува од повредите.

    – Продолжувам да работам според мојата програма, но навистина не знам кој ќе биде мојот следен турнир – додава Шпанецот кој зборуваше со новинарите на настан на неговата фондација во Палма де Мајорка.- Сега сум во фаза на зголемување на темпото на мојата работа. Да знаев кога ќе се вратам на теренот, ќе ви кажам, но не знам.

    Со други зборови, не е баш реално Надал да се бори за титулата во Монте Карло. Затоа што ако сега, околу две недели пред почетокот во Кантри клубот, не е сигурен дека ќе игра, тоа значи дека нема ни време да ја достигне максималната форма пред почетокот. Секако, тоа не значи дека нема да учествува, можеби ќе реши да игра на медитеранскиот брег за подоцна што побрзо да се врати на максималното ниво. Во секој случај, неговата главна цел не е пехарот во Кантри клубот, туку на Ролан Гарос.

    – Сакам да бидам физички 100 отсто подготвен – објасни под кој услов повторно ќе игра.– Јас и мојот стручен штаб ја следиме ситуацијата секој ден, но навистина не сакам да шпекулирам бидејќи во овој момент не знам кој ќе биде мојот следен турнир.

    Надал е рекордер на Мастерсот во кнежевството со 11 титули, но нема освоено од 2018. Лани не играше, а бидејќи сега е 13-ти во светот, најверојатно нема да биде меѓу осумте најдобри семиња, па нема да биде слободен на стартот. Со други зборови, би му биле потребни шест победи за титулата, што може да биде претешка задача за него доколку не е физички подготвен.

    Ако го прескокне Монте Карло, Рафа веќе ја чека Барселона една недела подоцна. Доколку не биде подготвен ниту за овој турнир, следуваат мастерсите во Мадрид и Рим. Има доволно време да се влезе во форма пред Отвореното тениско првенство на Франција, но само ако се е на свое место.

    Кога се знае дека Надал нема освоено ниту една титула од последниот Ролан Гарос, дека се откажа на Вимблдон, дека вториот дел од сезоната во 2022 година одигра катастрофално, исто како во јануари 2023 година, јасно е дека нема многу основи за оптимизам кај неговите фанови.

    Иако, од друга страна, безброј пати покажа колку е опасен кога го отпишуваат, колку пати од повреда премина во голема титула за многу краток период.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img