More

    Конте по отказот: Им благодарам на сите што ја споделија мојата страст

    spot_img

    Антонио Конте доби отказ како тренер на Тотенхем. Италијанскиот стручњак објави порака на Инстаграм по заминувањето од лондонскиот клуб.

    „Фудбалот е страст. Би сакал да им се заблагодарам на сите во Тотенхем кои ја ценеа и споделија мојата страст и мојот интензивен начин на живеење фудбал како тренер. Посебна благодарност до фановите кои ме поддржаа. Беше неверојатно да се слушнат како го пеат моето име. Нашето заедничко патување заврши. Ти посакувам се најдобро во иднина. Антонио“, напиша Конте на својот Инстаграм профил.

    Конте го презеде Тотенхем на почетокот на ноември 2021 година, откако беше отпуштен Нуно Еспирито Санто. Брилијантно ја водеше првата година и затоа летово беше награден со најголемиот трансфер буџет во историјата на клубот.

    Тоа го искористи за да донесе познати имиња, меѓу кои и бразилскиот напаѓач Ричарлисон кој беше платен рекордни 58 милиони евра, додека аргентинскиот стопер Ромеро 50 милиони евра.

    Конте постигна неколку добри резултати во Тотенхем. Тој стана првиот тренер на клуб кој нема пораз по осум првенствени натпревари, а по три години го донесе Тотенхем во Лигата на шампионите. Кон средината на октомври минатата година, со победата над Евертон, со која Тотенхем во првите 10 кола освои 23 бода, го имаше најдобриот старт на сезоната во историјата на клубот.

    Сепак, тогаш започна падот, кој го достигна врвот во февруари и март. Тотенхем беше елиминиран во ФА Купот од второлигашот Шефилд Јунајтед, додека во осминафиналето на Лигата на шампионите беше исфрлен од Милан. Кризата го достигна својот врв кога Конте жестоко ги критикуваше играчите по ремито 3:3 со Саутемптон, иако Тотенхем водеше со 3:1.

    „Ова е приказната за Тотенхем: Истиот сопственик е тука веќе 20 години и никогаш не освоиле ништо. Зошто? Дали е виновен клубот или секој тренер кој е тука оттогаш?“, праша Конте.

    Конте ќе добие околу 4,5 милиони евра отпремнина од клубот, бидејќи договорот е раскинат три месеци пред истекот. Како негов иден наследник се споменува Германецот Џулијан Нагелсман (35), кој доби отказ од Баерн.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img