Повеќе од 80 отсто од руските граѓани имаат доверба во својот претседател Владимир Путин, ги објави денеска руската државна новинска агенција ТАСС резултатите на Серускиот центар за истражување на јавното мислење.
Анкетата е спроведена од 3 до 9 октомври меѓу 1.600 испитаници на возраст над 18 години.
„На прашањето за довербата во Путин, 80,9 отсто од испитаниците одговориле позитивно, а 75,6 отсто од нив ја одобруваат неговата работа”, се наведува во резултатите од истражувањето.
Според тоа истражување, 41 отсто од Русите ја поддржуваат партијата Единствена Русија.