Над 200 волонтери го чистеа Водно

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Над 200 волонтери успешно ја спроведоа големата акција за чистење на Водно „Генералка викенд“. Во добра работна атмосфера учесниците испратија многубројни пораки за почиста и поздрава средина и упатија апел до граѓаните сите заедно да го чуваме природното богатство и убавините на Водно.

– Денешните активности за чистење опфатија голем број локации на планината – пензионерската патека од врвот до Средно Водно, асфалтниот пат, потегот од Средно Водно до полициската станица, пешачката шумска патека, паркинзите на Средно Водно, просторот под телескопот, паркчето со фитнес справи и кај црквата, како и потегот кон Матка, видиковецот, кон Горно Соње и околу крстот – информираат од Град Скопје.

Волонтерите учесници во акцијата беа опремени со ќеси за отпад и ракавици.
Градоначалничката Данела Арсовска упати благодарност до претставниците на приватниот сектор со кои се реализира оваа акција, како и до претставниците на дипломатските претставништва и волонтерите од Градот Скопје, од средношколците, до општините Гази Баба и Кисела Вода и вклучените јавни претпријатија. Значајно е да се нагласи дека партнерите во оваа акција ќе извршат селекција на собраниот отпад од Водно, а дополнително, за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце.

Заштитата на животната средина е приоритет на Град Скопје. Во текот на наредниот период Градот ќе организира и ќе се вклучи во голем број еколошки акции за чистење и унапредување на нашата околина.

– Градот Скопје и во текот на изминатите месеци интензивно работеше на расчистување на дивите депонии и сметиштата во градот за да се уреди средината и за да се спречи потенцијалното загадување на воздухот. Ваквите еколошки акции се еден од приоритетите на Градот Скопје, преку вклучување на граѓаните како волонтери, јавниот и приватниот сектор, со заеднички активности може да се постигне голем напредок во подигање на јавната свест за почиста средина и се мотив плус за Градот Скопје посветено да работи за поуреден и чист град – се вели во соопштението.

Share This Article