More

    Над 200 автомобили се заглавија, некои се натрупаа еден врз друг

    spot_img

    Меѓу 280 и 290 возила се судриле и се заглавени на мост во централна Кина откако настапила густа магла, соопштија локалните власти. Некои од автомобилите се натрупале еден врз друг. Несреќата се случила во 7 часот и 40 минути на мост кој ги поврзува градовите Женгжу и Ксинсианг, пренесува Њузвик.

    Повредените возачи и патниците се пренесени на лекување во локалните болници, соопшти итната помош. Најмалку едно лице загинало како последица на натрупувањето, соопштија кинеските државни медиуми.

     

     

    Властите најавија обновување на сообраќајот кон север нешто по 15 часот по локално време, но тие сè уште ги расчистуваа остатоците од делот кон југ во моментот на пишувањето. Полицијата во Женгжу не даде проценка кога ќе продолжи нормалниот сообраќај и побара од возачите да користат алтернативни рути.

    Воздушните снимки направени од локалниот сајт за вести Соху покажуваат дека неколку десетици возила сè уште остануваат на мостот по расчистувањето на маглата. Преминот е еден од неколкуте што ги поврзуваат бреговите на Жолтата река, втора по должина во Кина.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img