На социјалната мрежа Твитер беше споделено видео од Киев на кое може да се забележат неколку товарни камиони во кои има ковчези со пушки и муниција, а кое им се дели на украинските доброволци и резервисти.
Уште во раните утрински часови претседателот на Украина, Володин Зеленски ги повика сите лица од 18 до 60 години кои можат да држат пушка во раката да се пријават и да ја одбранат својата земја. Поради потребата од поголем број на војници, Зеленски ги повика и оние над 60 години кои се во добра физичка и ментална состојба да се пријават и тие да помогнат.
– Денес на Украина и треба сè. Сите процедури за приклучување во армијата се поедноставени. Носете само матичен број или пасош. Нема старосни ограничувања – рече претседателот.
Министерството за одбрана на Украина претходно соопшти дека „непријателот“ се наоѓа во областа Оболон, на околу 9 километри северно од парламентот во Киев во центарот на градот. Тие ги охрабрија локалните жители да направат молотови коктели како одмазда, а исто така ги советуваа другите да бараат засолниште.