More

    На жените им ја открива тајната како да го изберат идеалниот партнер

    spot_img

    Паулина Грецки, ќерката на најдобриот хокеар на сите времиња, Вејн Грецки, е исклучително популарна, но на различен начин од нејзиниот татко кој е најдобриот стрелец и асистент во историјата на НХЛ и во кариерата има освоено Стенли купови.
    Паулина е најстарта и најпознатата од петте деца на славниот хокеар. Таа е модел, актерка и позната инфлуенсерка.

    Иако има 35 години, сепак изгледа фантастично, а нејзината популарност се зголемува поради бракот со Дастин Џонсон, шесткратниот светски шампион во голф чие богатство се проценува на околу 100 милиони долари.

     

    Таа глуми и во холивудски филмови како „Grown Ups 2“ со Адам Сендлер, а позната е и по тоа што се фотографира во разголени изданија.

    Тоа ни најмалку не му пречи на Дастин бидејќи тој е сигурен во својот избор, а таа неодамна откри како дознала дека тој е вистинскиот човек во нејзиниот живот.

    Токму нејзиниот татко го дал клучниот совет и тој совет Паулина им го препорачува на сите дами при изборот на партнер.

    „Најдобриот совет за запознавање што некогаш го добив беше од татко ми. Ми рече да ги одмерам добрите и лошите страни на излегувањето со некого“ – напиша Паулина во нејзината објава.

    Потоа го додава клучниот совет за тоа кога некому да му дадете шанса.

    „Ако има малку недостатоци и многу предности, немојте веднаш да го отфрлите. Ако недостатоците ги надминуваат предностите, тогаш не обидувајте се да бидете личноста која мисли дека може да ги промени“ – советува Паулина Грецки.

    Паулина и Дастин се венчаа во 2023 година откако 10 години беа верени. Тие имаат две деца Тејтум кој сега има 9 години и Ривер Џонс кој има 7 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img