More

    На зајдисонце денеска за муслиманите започнува месецот Рамазан, во кој верниците од исламска вероисповед низ светот постат во текот на дневните часови

    spot_img

    На зајдисонце денеска за муслиманите започнува месецот Рамазан, во кој верниците од исламска вероисповед низ светот постат во текот на дневните часови. Постот завршува со Бајрам.

    Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалак и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.

    Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.

    Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.

    Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.

    По повод Рамазан поглаварот на Исламската верска заедница Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи  упати порака до верниците во која укажува дека со постот верникот во практика ја потврдува поврзаноста со својот Создател, ја подигнува свеста за доброто, мирот, солидарноста, грижата за човекот и ја реформира неговата личност, подготвувајќи го секогаш да биде во служба на доброто.

    -Рамазанот и постот на неговите денови создава големо духовно задоволство за да бидеме што поблиску до милоста Божја, и ни дава можност да се обратиме кон Неговото Величество, со нашите најискрени молитви за опрост на нашите гревови и евентуални недостатоци, а истовремено во нас буди чувство на блискост, љубов, великодушност и меѓусебно помагање.
    Затоа, имам особена чест, во име на Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија, и во мое лично име, на сите верници во земјата каде и да живеат и работат да им ги пренесам нашите искрени честитки по повод почетокот на светиот месец Рамазан, посакувајќи ви силна верба во Бога, добра волја и висока свест за извршување на постот, молитвите и добрите дела, основајќи се на зборовите на Мухамед (с.а.в.с) кој рече: „Кој го пости месецот Рамазан со искрена верба, верувајќи дека од Семоќниот Алах ќе добие голема награда, ќе му бидат простени сите негови претходни гревови“- се вели во пораката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img