Мумифицирано тело на маж е најдено утрово во реонот на градот Патра, соопшти полицијата.
Според информациите на Tempo24.News, телото е 67-годишен маж, а било пронајдено во реонот на стрелиштето на Арои. Човекот што го нашол мртвото тело на стрелиштето ги информирал надлежните органи, а полицијата веднаш го изолирала местото.
Мобилизирани се полициски и воени власти бидејќи стрелиштето се наоѓа на заштитена локација која ја користи грчката војска.
На местото на настанот е повикан и судски вештак кој треба да утврди дали се работи за убиство или за природна смрт.