На власта ѝ се брза да се изгласа францускиот предлог во Собранието?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пратениците на владејачкото мнозинство, како и на партиите кои го поддржуваат т.н. француски предлог, нема да се јавуваат за збор на собраниската седница на која ќе се расправа за Информацијата за преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, која произлегува од предлогот на француското претседавање со Унијата.

Ова за Плусинфо го истакна извор од редовите на опозицијата, кој вели дека на власта ѝ се брза што е можно порано на дневен ред да дојде гласањето во собраниската сала и Информацијата да се прифати.

Пратениците противници на францускиот предлог немаат многу алатки на располагање, во обидот да развијат дебата со пратениците од власта, иако се очекува сите да се јават за збор.

Сепак, нашиот извор претпоставува дека и покрај планот на власта седницата да трае што е можно пократко, мали се шансите таа да заврши денеска, па дури и доколку биде пролонгирана до раните утрински часови. Реално е да се гласа за Информацијата утре, иако теоретски расправата може да трае и до сабота.

Веќе е потврдено дека во 13 часот на Парламентот ќе му се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а потоа, во рамки на 81 седница на Собранието за извештајот ќе зборува премиерот Димитар Ковачевски. Потоа на пратениците ќе им биде овозможено да се изјаснат за предлогот.

Share This Article